КАБИНИ ЗА ДРЕМКА ПОСТАВЕНИ НА АЕРОДРОМОТ ВО ВАШИНГТОН

Вашингтон, (Дезин)

Аеродромот во Вашингтон постави интимни кабини за спиење, дизајнирани од „Слипбокс“. Станува збор за модел креиран од руските дизајнери кои работат во САД, Михаил Кимјов и Алексеј Горијанов и тие првпат беа инсталирани на московскиот аеродром „Шереметјево“ во 2011.

„Слипбокс“ направи 16 соби за дремка, кои можат да се изнајмат на најмалку еден час, со цел патниците да се одморат во приватен простор.

Фото: Дезин

На простор од 111 квадратни метри има два реда кабини за спиење. Тие се изработени од иверица, а килимите од рециклиран најлон. Содржат блутут звучници, како и можност за регулација на температурата и осветлувањето. Имаат вградени кревет и биро, кое може да се подигнува и спушта.

Фото: Дезин