КРАЛИЦАТА И МЕГАН МАРКЛ ПРВПАТ САМИ ИЗЛЕГОА НА НАСТАН

Лондон, (Би-Би-Си)

Кралицата Елизабета Втора и Меган Маркл, војвотката од Сасекс, првпат сами се појавија на еден официјален настан.

Тие патувале со кралскиот воз 320 километри до областа Чешир, кадешто, меѓу другото, во употреба пуштиле мост и театар, по што имале ручек во градското собрание.

Војвотката од Сасекс за оваа прилика избра креација на „Живанши“ (Фото: ПА)

Илјадници луѓе се собраа на предвидените локации неколку часа порано, а кога се симнаа од возот, кралицата и војвотката беа пречекани од стотици деца од основни училишта.

Меган Маркл повторно воодушеви со својата елеганција, носејќи креација на „Живанши“, додека кралицата избра зелен капут од Стјуарт Парвин.

На овој начин, Меган доби можност да се вози со кралскиот воз пред својот сопруг, како и пред Вилијам и Кејт.