Денерис, Арја, Санса, Серсеи, Ноќниот крал, Белите шетачи и останати позитивни и негативни ликови од „Игра на тронови“ се собраа вечерва во Скопје, во пресрет на разврската на крвавата борба за Железниот трон, која почна пред осум години.

Повеќе од 150 обожаватели на мегапопуларната серија на Ејч-Би-О, чие финале ќе се емитува ноќеска по македонско време, се одзваа на косплеј натпреварот во седиштето на „Вип“ и воодушевија со своите костими, шминка и придружни реквизити, во кои вложиле многу труд.
На првиот косплеј настан во Македонија посветен на „Игра на тронови“ победи костимот на кралот Џофри, иако зад него се криеше девојка, а втор беше Берик Дондарион. Првото место беше наградено со 500, а второто со 300 евра.

Фото: Ѓ. ЛИЧОВСКИ