МАЈКА МИ ЌЕ БИДЕ МНОГУ ГОРДА – ИДРИС ЕЛБА ИЗБРАН ЗА НАЈСЕКСИ МАЖ НА ПЛАНЕТАТА

Лондон, (АП)

Магазинот „Пипл“ го избра британскиот актер Идрис Елба за најсекси маж на планетата и тој вели дека ова значително му ја зголемило самодовербата.

Ѕвездата на сериите „Жица“ и „Лутер“ бил изненаден што магазинот токму нему му ја доделил оваа титула.

„Навистина не ми се веруваше. Се погледнав во огледало за да се видам поубаво и си реков: ‘Да, некако си секси денеска‘. Да бидам искрен, чувството е убаво. Ова беше убаво изненадување, несомнено е поттик за моето его. Мајка ми ќе биде многу, многу горда“, изјави 46-годишниот Елба, за кого се шпекулираше дека ќе биде следниот Џејмс Бонд.

Елба, кој пораснал во Источен Лондон како дете на африкански имигранти, настапува и како диџеј под името Биг Дрис и има своја линија на облека.

„Како мал, бев многу слаб и висок и моето име беше Идриса Акуна Елба. Но, штом почнаа да ми растат мустаќи, станав најкул момче во маалото“, се присети Елба.

Во минатото, оваа титула ја освојуваа имиња како Двејн Џонсон, Дејвид Бекам, Крис Хемсворт и Ченинг Тејтум, а Елба ја наследува од кантри пејачот Блејк Шелтон.