НАПАЃАЧОТ НА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА, БЕН, ЌЕ ИГРА ПРОТИВ ЛИВЕРПУЛ ВО КОПАЧКИ ДИЗАЈНИРАНИ ОД МАКЕДОНСКО СТУДИО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Најдобриот стрелец на Црвена звезда, Ел Фарду Бен Набуане, ќе настапи во специјално дизајнирани копачки на вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Ливерпул, што се игра во Белград.

Инспирирани од навивачката група на српскиот првак „Делии“, изгледот на копачките е осмислен од македонското студио за дизајн „SWithADot“ и одобрен од производителот „Најки“.

Популарниот Бен, кој потекнува од африканската држава Коморски Острови, носеше специјално дизајнирани копачки и на претходните мечеви од Лигата на шампионите, секој пат со различни мотиви.

По Серхио Рамос, Хенрик Мкитарјан, Перо Антиќ, Тимур Дибиров, Хоан Кањељас и други, Бен е последното големо спортско име со кое соработува „SWithADot“.