МАСК ПОЧНА ДА ПРОДАВА ПАРФЕМ И ВЕДНАШ ЗАРАБОТИ МИЛИОН ДОЛАРИ

Њујорк, (Ројтерс)

Најбогатиот човек на светот Илон Маск „намириса“ нов начин на заработка, лансирајќи парфем наречен „Burnt Hair“. Тој продаде 10.000 шишенца за само неколку часа и заработи еден милион долари.

Со име како моето, влегувањето во бизнисот со парфеми беше неизбежно. Зошто чекав толку долго?“, напиша Маск на Твитер, каде што почна да се претставува како продавач на парфеми.

Парфемот чини 100 долари, а испораките ќе почнат во првото тримесечје на следната година.

Ова е последниот додаток во бизнис портфолиото на Маск, кој продаваше и текила, капи и пламенофрлачи.

Ве молам, купувајте го мојот парфем за да можам да го купам Твитер“, твитна Маск вчера.