МЕГАН МАРКЛ САМА ЌЕ СЕ ШМИНКА ЗА СВАДБАТА

Лондон (Харперс базар)

Меган Маркл одлучила да не ангажира професионален шминкер за денот на нејзината свадба со принцот Хари на 19 мај.

Според британскиот весник „Експрес”, Маркл се одлучила две пријателки од САД да ѝ помогнат за шминкањето. Тие ќе дојдат во замокот Виндзор неколку дена пред свадбата.

„Тие не се професионалци, туку само нејзини блиски пријателки“, пишува весникот.

И за свадбата со принцот Вилијам во 2011 година, Кејт Мидлтон сама се погрижи за беспрекорната шминка, со помош на шминкерката Хана Мартин.