Серена Вилијамс е првата спортистка која беше прогласена за модна икона од страна на Советот на американските модни дизајнери (ЦФДА). Наградата за придонес кон американската мода ѝ беше доделена на свечена церемонија на ЦФДА во Менхетн, која често се нарекува „модни оскари“.
„Уште како мала знаев дека сум поинаква, па затоа ги истражував модата и стилот како начин да се истакнам. На многу начини, тенискиот терен стана моја модна писта, а Отвореното првенство на САД беше моја лична Њујоршка модна недела. Повторното осмислување на традиционалната тениска облека стана начин да ги изразам моите индивидуалност, самодоверба и, што е најважно, култура”, изјави 42-годишната Вилијамс, која лани се повлече од тенисот.
Таа студирала мода додека беше активен играч и во 2018 го лансираше својот бренд на облека „S by Serena“.
Истовремено, за дизајнери на годината се прогласени Кетрин Холстајн за женска облека и Вили Чаварија за машка облека, додека наградата за животно дело ѝ припадна на Марија Корнехо.
(Фото: АП)