АРХИТЕКТОТ КУЛХАС ДИЗАЈНИРАШЕ УНИСЕКС ЧИЗМИ СО ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ

Амстердам, (Дезин)

Холандскиот бренд за обувки „Јунајтед нуд“, на чело со светски познатиот архитект Рем Д. Кулхас, дизајнираше чизми со потпетици што можат да ги носат и мажи и жени.

Фирмата се спои со Шон Рос, модел и активист за мода без родови ограничувања и стилистот Роман Сајп за да дизајнираат чевел што ќе ги скрши стереотипите дека само жените можат да носат високи потпетици.

Фото: Дезин

„Ги здруживме силите за да изградиме нова генерација со стил, во насока на славење на различностите“, соопшти тимот.

Чизмите се достапни во две бои – црна и бела кожа и во две варијанти, една со висина до глуждот, а другата малку повисоко. Потпетицата е висока 8,25 сантиметри.