Дваесет и едногодишната манекенка Бела Хадид, позната по својот уникатен моден стил, на забава во Кан се појави во металик кратки хеланки и дијаманти.
Моделот се појави на забавата „Светот, тоа си ти“ на плажата Магнум во хеланки за возење велосипед од нова модна колекција, заедно со сива маичка, црн ранец и со скапоцени камења на „Булгари“.
Подоцна, на вечерата организирана од „Диор“, Хадид дојде со драстично поинаков изглед, во елегантен црвен фустан со прерамка на едно рамо, но со истиот накит од денската комбинација.
Покрај тоа што привлекува внимание со откачените модни комбинации, медиумите постојано ја ловат со нејзиното момче, пејачот Викенд, со кого се смири неодамна.