Француската модна куќа „Диор“ ги прикажа колекциите на креативната директорка Марија Грација Кјури за 2026 на модна ревија во градините на вилата „Албани Торлонија“ во Рим. Моделите носеа креации од тантела, долги палта главно во бела боја, капути и војнички јакни.
Само ден по ревијата, „Диор“ потврди дека Кјури ќе ја напушти својата функција по девет години.
„Таа напиша клучно поглавје во историјата на ‘Кристијан Диор‘, што во голема мера придонесе за неговиот извонреден раст и беше првата жена која го предводеше создавањето на женски колекции“, изјави извршната директорка на компанијата Делфин Арно.

Ревиите се одржуваат додека луксузната индустрија се бори со пад на бизнисот, а голем број модни етикети од висока класа бараат начин повторно да го разбудат интересот кај купувачите.
(Фото: Гети)