Сопругата на Ким Џонг-Ун доби големи пофалби за своите модни избори и изглед при нивната прва посета на Кина, пред тамошните власти да ги избришат коментарите на интернет.

Ри Сул-Ју го придружуваше својот сопруг на неговата прва посета на една странска земја, при што постојано беа во друштво на првата дама на Кина, Пенг Лијуан.

Дизајнерот Вилијам Танг го опиша стилот на Ри како суптилен, но не конзервативен

Во јавноста нема многу информации за Ри, која ретко може да се види покрај својот сопруг на јавни настани. Сепак, Кинезите беа воодушевени од неа, заклучувајќи дека таа изгледа поубаво и дека била подобро облечена од сопругата на Шји Џјинпинг, која е позната пејачка и се наоѓа на листата на „Форбс“ на најмоќните жени на светот.

„Првата дама на Северна Кореја има моќна појава, изгледа поубаво од Пенг и повеќе држи до модата“, напиша еден корисник на Веибо, кинеската верзија на Твитер, додека друг забележа дека е „убава исто колку и Сонг Хје Кјо“, популарна актерка во Кина.

Ри Сул-Ју смени неколку костими за време на дводневната посета на Пекинг

„Таа би била подобар избор за прв дипломат на Северна Кореја од сестрата на Ким“, стоеше во друг коментар.

Ри смени неколку костими за време на дводневната посета на Кина, но повеќето коментари за неа наскоро биле избришани од Веибо.

Дизајнерот од Хонг Конг, Вилијам Танг, го опиша стилот на Ри како „суптилен, но не конзервативен“.