В недела (22 декември) од 18 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи модна ревија посветена на жените кои победиле рак. Ја организираат здружението „ХЕМА-ОНКО“ и Елена Лука, со поддршка од Словачката амбасада во Скопје.
„Ревијата ја организираме за да ги славиме храброста, духот и вистинската убавина на жената која го победила ракот. Овој настан е искренo признание за храброста и истрајноста на овие неверојатни жени. Да бидеме заедно, да ги покажеме нашите љубов и поддршка и да ја прославиме нивната победа“, велат организаторите на настанот со наслов „Ексклузивна модна ревија“.
Фото: Ѓ. Личовски