МОНИКА БЕЛУЧИ И ИЗАБЕЛА РОСЕЛИНИ КАКО МОДЕЛИ НА ДОЛЧЕ И ГАБАНА НА МИЛАНСКАТА МОДНА НЕДЕЛА

Милано, (Гардијан)

За Долче и Габана тешко може да се каже дека се политички коректни, но тие станаа најголемите шампиони на различноста на годинашната престижна Модна недела во Милано.

Легендарните актерки Моника Белучи и Изабела Роселини, плус сајз моделот Ешли Грем и првата црномуреста членка на британското кралско семејство Ема Вејмут прошетаа на пистата заедно со некои од најголемите манекенски имиња на ревијата на прославениот италијански моден бренд, која славеше гламур.

Моника Белучи

Овојпат, пораката на Долче и Габана беше помалку политичка и етичка. Тие покажаа дека секој може да изгледа неверојатно убаво во црн коктел фустан од тантела, елегантен вечерен костим или во фустан со цветови или леопардови шари.

Хелена Кристенсен, Ева Херцигова и Карла Бруни

Ако Ралф Лорен го продава американскиот сон, Долче и Габана го промовираат италијанскиот, а својата големина ја покажаа и со тоа што на пистата изведоа имиња како Ева Херцигова, Карла Бруни, Хелена Кристенсен, Леди Кити Спенсер и 70-годишната мајка на Илон Маск, Меј.

Ешли Грем (Фото: Гети)