РАПЕРКАТА ДОЏА КЕТ ПОКРИЕНА СО ЦРВЕНА БОЈА И 30.000 КРИСТАЛИ НА МОДНАТА НЕДЕЛА ВО ПАРИЗ

Париз, (Си-Ен-Ен)

Американската раперка Доџа Кет шокираше со својот вонземски изглед на Неделата на високата мода во Париз, појавувајќи се цела во црвено на ревијата на модната куќа „Скјапарели“. Нејзиниот уникатен стил се должеше на црвената боја и над 30.000 кристали „сваровски“, со кои ѝ беше покриено телото.


За драматичниот изглед на Доџа Кет се погрижија креативниот директор на „Скјапарели“, Даниел Роузбери и шминкерката Пет Мекрат, а боењето и рачното нанесување на кристалите траело четири часа и 58 минути.

Доаѓањето на Доџа Кет во парискиот музеј Мала палата го означи почетокот на ревијата на „Скјапарели“, на која ја претстави колекцијата пролет/лето 2023, насловена „Пекол“.