СПОРТСКИОТ ИЗГЛЕД НА ИВАНКА ТРАМП ЗНАЧИ ФУСТАН НА „ГУЧИ“ ОД 2.200 ДОЛАРИ

Вашингтон, (Инстајл)

Спортување и други физички активности вообичаено продразбираат лежерен стил на облекување. Освен доколку сте ќерка на претседателот на САД.

Во отсуство на неговата сопруга Меланија, Иванка Трамп му се придружи на својот татко Доналд и зеде учество во таканаречениот Филд деј во дворот на Белата куќа, настан што промовира спорт, фитнес и здрав живот меѓу младите.

И Доналд и Иванка Трамп не дојдоа спортски облечени на настан што промовира спорт (Фото: Твитер)

По тој повод, Иванка облече летен фустан на „Гучи“, вреден 2.200 долари и така заигра кошарка и американски фудбал.

Оваа иницијатива беше покрената од претходната прва дама Мишел Обама, но таа вежбаше со децата во патики, тренерки и хеланки.

И самиот Трамп, кој признава дека не вежба често, се појави на настанот во одело и вратоврска, како вистински претседател.