THE FUTURE IS PRESENT – МОДЕН ФЕСТИВАЛ ВО СКОПЈЕ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопски моден фестивал под слоганот „The Future is Present“ почна вчеравечер во скопскиот Сити мол. Првата вечер се претставија KTN, Sigma и Akademia Evolucion.

На фестивалот ќе настапат над дваесет македонски и меѓународни модни дизајнери и модни куќи.

Своите креации во наредниот месец ќе ги прикажат Евгенија Зафировска, Стефанија Насеска, Емили Пишева Гоџирова, Моника Димова, Сара Реџиќ и Мирјана Јосифоска, како и брендовите Minnimal, Bella, Superstacy, La Dama, и Minimal by Nana.

Странски гости ќе бидат STL Studios (Грција), Теја Јеглич (Словенија), Катерина Зото (Албанија) и престижната школа Akademia Evolucion (Косово).

Повеќе фотографии можете да најдете на инстаграм профилот @sdkmk.

Модели на KTN (Фото: А. Михајловска)
Гостите од Косово Akademia Evolucion (Фото: А. Михајловска)
Модел на „Сигма накит“ (Фото: А. Михајловска)
Организаторите најавуваат ревии на 20 македонски и меѓународни модни дизајнери и модни куќи (Фото: А. Михајловска)