ВЕЛЕШКИ УЧЕНИЦИ ОДРЖАА МОДНА РЕВИЈА СО ИЗРАБОТКИ ОД ОТПАД

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Учениците од Средното хемиско училиште „Димитрие Чуповски“ во Велес собираа отпад изминатиот период и го искористија за модни креации со порака.

„Овие модели покажаа дека стилот не мора да ја загадува планетата Земја, туку да биде чекор кон почиста и поодржлива иднина“, кажа професорката Руска Мицева, задолжена за организацијата на настанот.

Победничката креација. (Фото: СМАРТ СДК.МК)

Победник на годинашната „Зелена мода“ е креацијата „Ангел на Викторијас сикрет“, дело на Лора Јовановска, Мартина Коцевска, Анастасија Гиловска и Марија Јорданова, под менторство на Билјана Г. Николова.

П. ПЕЧКОВ