МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ ОД 25 ДО 28 ОКТОМВРИ СО РЕВИИ, ИЗЛОЖБИ И ПАНЕЛИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од 25 до 28 октомври ќе се одржи 29. издание на Моден викенд Скопје во културниот центар „Лабораториум“. Мотото на годинашното издание е „Модата засекогаш“.

„Ова издание ќе се фокусира на иновациите и одржливоста, теми кои ја обликуваат иднината на модната индустрија. Со особен акцент на креативната интерпретација, настанот ќе служи како платформа каде што локалните таленти ќе се сретнат со глобалните трендови“, велат од Моден викенд Скопје.

Настанот започнува со изложбата „Модата засекогаш“, курирана од Амбасадата на Шведска. На модниот настан се најавени изложби, креативни панели и модни ревии.