МОНИКА БЕЛУЧИ СЕ ОБЕДИНИ СО БИВШИОТ СОПРУГ ВИНСЕНТ КАСЕЛ НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМ ВО ВЕНЕЦИЈА

Венеција, (Дејли мејл)

Моника Белучи се обедини со својот поранешен сопруг Винсент Касел за проекцијата на новата верзија на нивниот голем и контроверзен хит од 2002 година „Неповратно“, што се одржа на Венецискиот филмски фестивал.

Педесет и четиригодишната италијанска актерка изгледаше сензационално во црвен цветен фустан на „Долче и Габана“ додека позираше заедно со Касел и режисерот Гаспар Ное.

Моника Белучи во фустан на „Долче и Габана“ (Фото: Гети)

Оригиналната приказна на „Неповратно“ се раскажува наназад и следи двајца мажи кои талкаат по улиците на Париз, барајќи одмазда за силувањето на девојката на еден од нив.

„Во новата верзија, приказната оди хронолошки бидејќи гледачите немаат разбрано одредени делови од оригиналниот филм. Нема исечени дијалози, ниту нови настани“, вели Ное.

Белучи и Касел беа во брак од 1999 до 2013 година и заедно имаат две ќерки. Касел лани се ожени со 30 години помладата манекенка Тина Канакеј, со која во април доби ќерка.