НА ПРИРОДАТА Ѝ ТРЕБА НАША ПОМОШ, ВЕЛИ ДЕДО МРАЗ ВО НОВОГОДИШНАТА ПОРАКА

Рованиеми, (Ројтерс)

Во селото на Дедо Мраз во Лапонија, неколку џуџиња му помагаат да ги прегледа 30.000 писма што му пристигнуваат секој ден, во последните денови пред Божиќ.

Испратени од децата од целиот свет, во секое писмо од него се бара да им ги остави подароците под новогодишната елка, како награда за тоа што биле умни во текот на годината.

Седнат во неговиот стол, Дедо Мраз ја прочита својата новогодишна порака, во која посочи на еден од најголемите проблеми со кои се соочува светот моментално – климатските промени.

„Нашата пријателка природа веќе извесно време е во неволја и сега можеме сите заедно да ѝ дадеме еден подарок, можеме да ѝ помогнеме. Ви посакувам Среќен Божиќ“.