Боливуд е темата на годинашниот, 85. по ред Фестивал на лимонот, што се одржува до 4 март во градот Ментон, како една од позначајните меѓународни манифестации на француската ривиера.
Повеќе од 145 тони лимони и портокали ќе бидат искористени за двете недели од фестивалот, при што од нив се направени уникатни живописни фигури на слон, тигар, Таџ Махал и на индиски божества.
Овошниот фестивал секоја година привлекува околу 160.000 гости.
