ЧЕТВОРИЦА АРГЕНТИНЦИ ЌЕ ОДАТ НА СП ВО КАТАР СО ВЕЛОСИПЕД, ЌЕ ВОЗАТ 10.500 КИЛОМЕТРИ

Буенос Аирес, (Ројтерс)
4696SP-SOCCER-WORLDCUP_ARGENTINA_FANS_O_

Четворица пријатели од Аргентина ќе возат велосипед 10.500 километри од Јужна Африка до Катар, каде што ќе ја бодрат својата репрезентација на Светското фудбалско првенство, а иницијативата ќе биде проследена и со садењето на 10.500 дрвја. Лукас Ледесма, Леандро Бланко Пиги, Силвио Гати и Себастијан Родригес ќе го почнат патувањето на 15 мај од Кејптаун, при што ќе поминат низ 15 држави на два континента.

„Општата идеја е да извозиме 10.500 километри за шест месеци. Целта е да стигнеме во Доха четири-пет дена пред првиот натпревар на Мундијалот“, вели 34-годишниот Ледесма.

Аргентина го игра својот прв меч на 22 ноември, против Саудиска Арабија.

Ова не е прва ваква авантура за Ледесма. Тој со велосипед стигнал и на претходните две светски првенства во Бразил и Русија, како и на ОИ 2018 во Рио и на Копа Америка 2015 во Чиле.

Од нивното патување корист ќе има и животната средина: за секој изминат километар ќе се посади по едно дрво во планините на Кордоба.