ФИНСКА НУДИ БЕСПЛАТНИ ПОСЕТИ НА ЗЕМЈАТА ЗА ДА ГО СПОДЕЛИ СВОЈОТ РЕЦЕПТ ЗА СРЕЌА

Хелсинки, (Инсајдер)

Финска шеста година по ред е прогласена за најсреќна држава на светот и за да го прослави тоа, ќе им овозможи на десетмина луѓе да ја посетат бесплатно и да научат како да се биде среќен како Финец.

„Мастеркласот на среќата“, што го организира националната туристичка организација „Посетете ја Финска“, ќе трае четири дена во јуни и ќе се одржува во одморалиштето Куру во Езерскиот Округ. Агенцијата ги покрива трошоците за патување и сместување, што вклучува приватна соба и пристап до сауна, спа и други содржини.

Во рамките на мастеркласот ќе има часови по природни занаети, храна, благосостојба, здравје и животна рамнотежа, што ќе ги водат фински експерти.

Пријавувањето е отворено до 2 април, а заинтересираните треба да снимат кратко видео за Инстаграм или ТикТок во кое ќе објаснат „зошто потајно би можеле да бидат Финци“.

„Ние веруваме дека финската среќа произлегува од блиската врска со природата и нашиот приземен животен стил. Тоа не е некоја мистична состојба, туку вештина која може да се научи и сподели“, велат од „Посетете ја Финска“.

(Фото: Гети)