Статуата на чудовиштето Годзила во „природна големина“ е главната атракција на новоотворениот тематски парк на јапонскиот остров Аваџи, во близина на Кобе. Инсталацијата е висока 23 метри и долга 55 метри и им овозможува на посетителите да се спуштат во челуста на Годзила преку зиплајн.
Оригиналната големина на Годзила била 50 метри, но е зголемена на 120 метри во последниот филм „Годзила: Кралот на чудовиштата“.
„Колку што знаеме, ова е единствената статуа на Годзила во природна големина што досега е направена. Сакаме фановите да дојдат и да ја ценат масивноста на чудовиштето што го знаат само од филмовите“, изјави портпарол на компанијата „Пасона груп“, која управува со паркот „Ниџиген но Мори“.
Годзила, за која се верува дека е мешавина од горила и кит, стана икона на поп културата откако првпат се појави на филм во 1954 година. „Гоџира“ привлекол 9,6 милиони луѓе во кината во времето кога телевизијата сѐ уште не била широко достапна во јапонските домови. Таа во меѓувреме прерасна во франшиза со повеќе од 30 филмови, видеоигри и играчки.