Камп во северен Тајланд организира ноќевања во друштво на слонови. Азискиот слон, кој е помал од африканскиот, е загрозен вид и останати се уште 40-50.000, според Светската организација за заштита на животни.

Кампот и ресорт „Анантара“, кој се наоѓа во близина на границата со Лаос и Мјанмар, основаше фондација која успеа да спаси 30 слонови. Во кампот се сместени и нивните негуватели. Ноќевање за двајца во „Анантара“ чини 562 долари.

(Фото: ДПА)

„Лоцирани во џунглата, двата бунгалова се поставени на дрвени платформи и нудат уникатен поглед на слоновите, дури и во текот на ноќта“, стои во објавата на кампот.

Во бунгаловите во форма на меур, кои се направени од проѕирен полиестер, има кревет, покриен тоалет и мини-бар, а вклучени се и собна услуга и вечера.