Гувернерот на Невада, Стив Сисолак, објави дека казината во Лас Вегас повторно ќе почнат со работа на 4 јуни, а некои хотели веќе почнаа да примаат гости.

По тој повод, Дерек Стивенс, извршниот директор на две казина во Лас Вегас, објави дека ќе организира 1.700 бесплатни летови од повеќе од 20 американски градови. Заинтересираните можат да се пријават на интернет и Стивенс вели дека на овој начин сака да им помогне и на американските авиокомпании, кои исто така се тешко погодени од пандемијата на коронавирусот.

Покрај ова, хотелите ги намалија цените и за 60%, па во некои ексклузивни ресорти ќе може да се спие за 100 долари.

Лас Вегас е град кој живее од туризмот и се проценува дека во изминатиот период казината на Стрип имале загуба од 700.000 долари дневно само од коцкањето.