ОВАА НЕДЕЛА 59 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Македонија има нови 38 случаи на коронавирус и Скопје предничи во бројките во изминатите денови.

  • Три лица на возраст од 53, 57 и 74 години се последните жртви на КОВИД-19 во земјата.
  • Вкупната бројка починати се искачи на 122.
  • Во изминатите 24 часа се направени 560 тестирања, од кои 38 дале позитивен резултат.
  • Мнозинството од нив се во Скопје – 24, па следуваат Куманово и Штип со по четири, Тетово со три, Неготино со два и еден во Битола.
  • Од почетокот на неделата, во Скопје се потврдени вкупно 59 позитивни теста.
  • Во Македонија досега се регистрирани 2.077 случаи на коронавирус, од кои 469 се активни, убедливо најмногу во Скопје (322).
  • Досега оздравеле 1.486 лица.