Францускиот град Ница стана ново место на листата на светско наследство на УНЕСКО, при што беше опишана како зимско одморалиште на француската ривиера.

Сместена меѓу планини и Средоземното Море, Ница има еден милион жители, со што е вториот најголем град на француското крајбрежје, зад Марсеј. Таа е една од најпривлечните туристички дестинации во Европа и годишно ја посетуваат милиони луѓе, а тамошниот супермодерен аеродром е меѓу најпрометните во Франција.

Од 18. век, Ница ја привлекувала европската аристократија, најмногу британската и руската, во потрага по пријатна клима, каде што би ги поминувале зимите.

„Историјата на Ница истовремено е вкоренета и отворена, медитеранска и алпска, европска и космополитска. Архитектурата и пејзажот на Ница се уникатни и таа била модел за многу градови низ светот“, изјави градоначалникот Кристијан Естроси.