Дела од ликовната колонија „Неготино 2020“ се претставени на изложбата во Ликовниот салон во Велес, на манифестацијата „Културно лето 2021“. Изложени се триесетина дела изработени во различни техники.

„Создавањето нови ликовни дела и поврзувањето на ликовните уметници од овој регион се едни од приоритетните задачи на оваа ликовна колонија. На овој начин се збогатува збирката ликовни дела во музејот. Тие се создадени по сопствен избор на учесниците, инспирирани од неготинското поднебје околу манастирот ‘Св. Ѓорѓи’ и во дворот на Музејот на Град Неготино“, кажа Драгица Чекоровска, директорката на Музејот во Неготино, организатор на манифестацијата.

Од изложените дела

Учесници биле и аматери од Кавадарци и Неготино кои подолг период се занимаваат со сликарство. Ликовната колонија во Неготино се одржува три години.

П. ПЕЧКОВ