Виолетови молњи, психоделични изгрејсонца, разнобојни облаци, поларна светлина, кога станува збор за природните феномени, пилотите на авионите ги имаат седиштата од првиот ред.

Ние останатите можеме да уживаме во фотографиите што холандскиот пилот Кристијан фан Хајст ги снима на своите патувања, на височина од околу 9.000 метри.

Фан Хајст почнал да го документира она што го гледа од кокпитот кога станал пилот на 20 години.

„Кога летате така високо и далеку од остатокот на светот и планетата, чувствувате една мирна осаменост. Уште од првиот лет носам камера со мене, затоа што морам да ги документирам тие искуства. Ако не направам фотографии, тие моменти ќе бидат загубени засекогаш“, вели Фан Хајст.

Од сите глетки, најголем впечаток му оставила поларната светлина.

„Аурора е преубава, без разлика колку пати ја гледам. Тоа е нешто фантастично. Еднаш летавме осум часа под огромна купола од поларна светлина. Имаше многу арктички мраз и целата светлина се рефлектираше долу во него. Беше неверојатно. Иако таа може да се види од многу места на Земјата, да се гледа од кокпитот е како големо приватно шоу“.