ПЛАЖИТЕ ПОКРАЈ АТИНА СЕ ПРИЛАГОДУВААТ НА НОВОТО ВРЕМЕ

Атина, (Грикрипортер)

Грчките власти кажаа дека земјата ќе биде отворена за странски туристи ова лето, но тоа бара и одредени прилагодувања на новото време.

Една од најпопуларните плажи покрај Атина е трансформирана од локалните власти така што е испочитувано правилото за социјално дистанцирање. Властите на Глифада, која се наоѓа јужно од Атина, ставија целосно нов песок на плажата и ги поместија чадорите за да се обезбеди сигурна дистанца меѓу посетителите.

„Многу сум горд како сега изгледа плажата. Нов песок, нови соблекувални и тушеви, чадори на растојание. Нашата плажа е подготвена да ги прими гостите, при што се задоволени сите стандарди на безбедност и хигиена“, изјави градоначалникот на Глифада, Јоргос Папаниколау.