ПОПУЛАРНАТА ПЛАЖА НАВАЈО НА ЗАКИНТОС ЗАТВОРЕНА ЗА ПОСЕТИТЕЛИ ОВАА СЕЗОНА

Грција, (АФП)

Грчкото министерство за туризам објави дека од безбедносни причини ќе се забрани пристапот до една од најпопуларните плажи во земјата, Навајо на островот Закинтос. Одлуката е донесена на препорака од Државната агенција за заштита од земјотреси, која извршила инспекција на плажата овој месец.

„Инспекцијата утврдила обемен ризик од одрони и ерозија од околните карпи, поради што плажата ќе биде недостапна за туристи оваа сезона“, објави министерството.

Во 2018, седум луѓе, вклучувајќи чешко семејство, беа повредени при одрон на плажата, која се наоѓа во подножјето на 200 метри висока карпа и до неа може да се стигне само со чамец.

Плажата Навајо, што на грчки значи бродолом, го добила името по остатоците на товарен брод кој во непознати околности се насукал тука пред 40-ина години. Се верува дека бродот се користел за шверц, но не е познато што превезувал.

(Фото: Шатерсток)