РЕКОРДНО ДОЛГ ПАТНИЧКИ ВОЗ ОД 1,9 КИЛОМЕТРИ ВОЗЕШЕ НИЗ ШВАЈЦАРСКИТЕ АЛПИ

Берн, (Би-Би-Си)

Швајцарската железничка компанија „Ретијан“ објави дека соборила светски рекорд за најдолг патнички воз, со што беа одбележани 175 години на прославениот швајцарски железнички систем.

Возот долг 1,9 километри се состоеше од 100 вагони, при што за помалку од еден час комплетираше спектакуларно патување низ Алпите долго 25 километри. Планинската маршрута опфати 22 тунели и 48 мостови, како и величествениот вијадукт „Ландвасер“, висок 65 метри. Вкупната тежина на возот изнесуваше 2.990 тони, а со него управуваа седум возачи и 21 техничар.

Обидот за соборување светски рекорд имаше за цел да ги истакне инженерските постигнувања на Швајцарија и да го прослави 175. роденден на швајцарската железница“, изјави директорот на „Ретијан“, Ренато Фашати.