Има нешто романтично во овие бавни железнички патувања по тесни пруги. Во времето на супербрзи возови, кога сите сакаат да стигнат што побрзо на својата дестинација, овие пруги се остатоци од минатото, кога во патувањата се уживаше без брзање.

Пругата Калка-Шимла важи за исклучително техничко постигнување

Калка-Шимла во Индија, чија пруга е широка само 762 милиметри, е еден од најимпресивните примери на овој вид железнички превоз и спаѓа меѓу најживописните на светот. УНЕСКО во 1999 година ја додаде на својата листа на светско културно наследство како „исклучително техничко постигнување во развојот на Хималајските планини“. На листата се наоѓаат уште две вакви линии: Дарџилинг хималајска железница и Нилгири планинска железница.

Со 103 тунели, 917 свијоци и 988 мостови, од кои највисокиот има 23 метри, Калка-Шимла е навистина спектакуларно инженерско постигнување. Се протега на 96,6 километри и на својот пат меѓу овие два града има 18 станици.

Карта во еден правец чини пет долари

Петчасовното патување почнува на надморска височина од 658 метри во Калка, а завршува на 2.075 метри во Шимла, минувајќи низ неверојатен планински пејзаж, исполнет со вијадукти, зафрлени села, густи шуми и со Хималаи во далечина.

Линијата била отворена во 1903 година и успеа да влезе во 21. век речиси недопрена од модернизација и денес е магнет за туристи. Карта за прва класа во еден правец чини 370 рупии или пет долари.