ТАЏ МАХАЛ ПОВТОРНО СЕ ОТВОРА ПО ЦЕЛИ ШЕСТ МЕСЕЦИ

Њу Делхи, (АФП)

Најпопуларната туристичка атракција во Индија, Таџ Махал, повторно ќе биде отворена за јавност по цели шест месеци, иако земјата се наоѓа среде најголемото ширење на коронавирусот. Индија вчера го надмина Бразил, станувајќи втората најпогодена земја на светот, со повеќе од 4,2 случаи на коронавирус.

„Таџ Махал повторно ќе биде отворен на 21 септември со почитување на сите протоколи за заштита од ковид-19“, изјави директорот на туристичката агенција на сојузната држава Утар Прадеш, Амит Шривастава.

Дневниот број посетители ќе биде ограничен на 5.000, што е четири пати помалку од вообичаениот просек.

Величествениот мермерен мавзолеј беше затворен во средина на март како дел од строгите рестриктивни мерки. Од минатиот месец, Индија го има најголемиот дневен пораст на бројот на нови случаи на коронавирус на светот.