„ТЕНЕТ“ ЗАРАБОТИ 150 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА СВЕТСКО НИВО, НО НЕМА СО КОГО ДА СЕ СПОРЕДИ

Лос Анџелес, (Ројтерс)

По неколкумесечни одложувања, научно-фантастичниот трилер „Тенет“ на Кристофер Нолан конечно стигна во кината во САД и заработи 20,2 милиони долари во првиот викенд. Филмот досега заработил околу 150 милиони долари на светско ниво.

Филмското студио „Ворнер брос“ објави дека продажбата на билети е во рамките на очекувањата, имајќи ги предвид околностите.

„Резултатите од премиера на филм за време на пандемија не можат со ништо да се споредат. Ние сме сега на непозната територија, така што какви било споредби со состојбата пред ковид-19 би биле неосновани“, велат продуцентите.