ВЕНЕЦИЈА ЌЕ ГО УДВОИ БРОЈОТ НА ДЕНОВИТЕ ВО КОИ ТУРИСТИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ВЛЕЗНИЦА ЗА ГРАДОТ

Венеција, (Би-Би-Си)

Венеција следната година ќе го удвои бројот на деновите во кои еднодневните туристи ќе треба да платат влезница за градот, по пробата која беше опишана како успешна. Градоначалникот Луиџи Бруњаро кажа дека целта останува иста: да се обесхрабрат туристите да го посетуваат градот во ист ден, за да можат да му ја искажат заслужената почит.

Еднодневните посетители кои предвреме го букираат доаѓањето ќе треба да платат пет евра за влез во Венеција во точно одредени денови од април до јули. Цената се зголемува на десет евра ако резервираат помалку од четири дена пред посетата.

Новата мерка првпат беше воведена во април оваа година и се однесуваше на 29 дена, главно викенди и државни празници. Таксата сега ќе важи за 54 дена: секои петок, сабота и недела и за државните празници од 18 април до 17 јули 2025.

Сите посетители над 14 години мора да купат билет преку интернет, при што добиваат кју-ар код, што им дава пристап во градот за тој ден. Властите кажаа дека градот оваа година заработил над два милиона евра од наплатата на влезници.

(Фото: АП)