Колумбискиот остров Санта Крус дел Ислоте е голем колку две фудбалски игралишта и истовремено дом на 1.200 луѓе, што го прави едно од најнаселените места на светот.

Тој има едно училиште и ресторан, кои служат и како пристаништа, но бидејќи островот е толку мал, многумина се принудени да патуваат до блиските острови заради работа.

Пресметано е дека на островот живеат вкупно 18 семејства во 97 куќи.

Многумина од жителите се снабдуваат со електрична енергија од соларни панели. Околу 65% од населението се млади луѓе и децата го поминуваат слободното време учејќи риболов.

Островот има многу живот, но е мошне сиромашен. Недостигот на чиста вода е голем, како и проблемот со загадување и отпадоци.

Лусеро работи како стилист, најчесто правејќи им плетенки на младите девојки

Островот е полн со убави згради и тесни улички, а кога се организираат забави, тие можат да траат и до три дена – сѐ додека има пиво и рум!