Од нијанси на храбри црвени бои, преку класичната бела, па сѐ до златна и розова, црвениот килим на синоќешните 90. Оскари во театарот „Долби“ помина во знакот на разновидност, гламур и на висока мода.

Мерил Струп во креација на „Диор“ (Фото: АП)

Критичарите оценуваат дека филмските ѕвезди годинава оделе на сигурна карта, кога се во прашање боите и стајлингот.

Џенифер Лоренс во „Диор“

Белите и неутралните беа најраспространети во изгледите на Марго Роби, Џејн Фонда, Мери Џеј Блајџ и на Лора Дерн. Грета Гервиг носеше жолто, Џенифер Гарнер и Никол Кидман беа во кралска сина боја, додека во црвено се облекоа Алисон Џени и Мерил Стрип.

Марго Роби во „Шанел“

Севкупната мода, вели модната уредничка Кони Ванг, беше „многу, многу безбедна оваа година, што ме изненади”.

Гал Гадот во „Живанши“

Според Андреа Лаевинтал, уредничка за стил и убавина во „Пипл“, светлите тоноови се безбедни избори, но тие секогаш изгледаат навистина убаво.

Мајра Сорвино, Ешли Џад и Салма Хајек на црвениот килим (Фото: АП)

Филмските легенди Џејн Фонда и Хелен Мирен (Фото: АП)

Ема Стоун во костум од „Луј Витон“

Сандра Булок во „Луј Витон“