ЗООЛОШКА ГРАДИНА ВО БЕЛГИЈА ОВОЗМОЖУВА ДА СЕ СПИЕ ВО ПРИСУСТВО НА МЕЧКИ, ТИГРИ И МОРЖОВИ

Брисел, (Си-Ен-Ен)

Ресортот „Паири даица“ во Белгија, кој три години по ред е прогласуван за најдобра зоолошка градина во Европа, им овозможува на своите посетители да спијат во присуство на најразлични диви животни.

„Паири даица“ се наоѓа во Брижелет, на еден час возење од Брисел, и располага со 100 соби со осум различни теми, од кои гостите можаат да уживаат во погледот на волци, мечки, морски лавови, сибирски тигри, пингвини, поларни мечки и моржови.

Делот наречен „Земјата на студот“ ја вклучува „Куќата на моржот“, чии соби со стакло се одделени од воденото живеалиште на моржот и оставаат впечаток како да се спие во снежна пештера.

Собите на „Куќата на поларната мечка“ овозможуваат да се набљудуваат овие животни во водата или додека се на копно.

Престојот вклучува 24-часовен пристап до сите содржини во паркот, појадок и вечера, а цените за дводневен пакет почнуваат од 129 евра за едно лице.