ЖЕНИ ОД РАЗНИ ПРОФЕСИИ ОД БИТОЛА БЕА МОДЕЛИ НА КРЕАТИВНИОТ ДЕН СО ОБЛЕКА ДИЗАЈНИРАНА ОД УЧЕНИЦИ И ПРОФЕСОРИ

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Оригинални модни креации во ориентален стил беа претставени на Креативниот ден, кој по четврти пат се одржа во Битола. Ги изработија млади модни дизајнери од модната текстилна струка од средното училиште „Таки Даскало“ во Битола и други стручни училишта во државата во соработка со познати модни креатори. Настанот имаше за цел да ја врати вербата во стручното образование од каде стекнатите знаења се веднаш применливи, да го поддржи младешкиот кретивен дух и да ја слави модата.

Професорките кои им беа ментори на учениците во изработка на креациите (Фото: СМАРТ СДК.МК)

Пред полната сала во Театарот во Битола беа претставени 26 креации од седум стручни училишта. Тие беа на ученичките Ирета Адеми, Виолета Роглевска, Андреа Ризовска, Леман Рамановска, Маја Афтаровска, Јамур Али и други. Ментори им беа модните креатори Катерина Стојчевска, Христијана Голубовќ, Муамед Маликовски, Александар Ортаковски, Анастасија Цулевска, Андреј Папаз, Благој Мицевски и други.

Фото: СМАРТ СДК.МК

Креациите ги носеа жени од различни професии: наградуваната наставничка Весела Богдановиќ, психологот Жанета Ристевска, пијанистката Елена Ѓоргиева, актерката Марија Стефановска, професорката и пејачка Ирена Димовска-Митревска, етнокореологот Љупка Стефановска, виолончелистката Андрија Дуковска, новинарката Александра Вуксановиќ, пејачката Ивона Јо и други.

Фото: СМАРТ СДК.МК

Сите ги откупија тоалетите, а средствата се наменети за подобрување на условите за практичната настава во текстилната струка.

Во модното дефиле учествуваа и професорките кои се дел од тимот иницијатори на овој настан: Ема Ќуќа, Живка Танушевска и Анита Стефановска, кои носеа креации изработени со ученичката Ана Трајановска. Организатори на Креативниот ден се продукцијата „Божиловиќ“ и СОУ „Таки Даскало“ од Битола.

Ж. ЗДРАВКОВСКА