ШМИНКА БЕЗ ШМИНКА Е ХИТ ВО ХОЛИВУД

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Меган Маркл, Џесика Алба, Дакота Џонсон, Жизел Бундшен, Зендаја, Каја Гербер, Карли Клос и Зое Кравиц се некои од светски познатите актерки и манекенки кои за својот изглед го практикуваат принципот no makeup makeup. Минималната шминка која ја користат за лицето да изгледа свежо и како да нема шминка подразбира тенок слој на пудра, малку сенка на очите, маскара и бледо розов сјај за усни.

„No makеup“ стилот е во фокусот на новите козметички линии на германските брендови „Есенс“ и „Катрис мејкап“. Нивните нови производи за пролет-лето, кои се инспирирани од колекциите на светските модни дизајни, се фокусирани на нежните нијанси на сенките за очи, кои даваат привлечен, но речиси ненаметлив изглед.

Покрај овој стил, располагаат и со производи кои даваат поголема впечатливост, производи за совршено обликување, како и посебни линии шминка за сонце и за фитнес.