Шпанецот Дабис Муњос втора година по ред е прогласен за најдобар готвач на светот на Best Chef Awards, што се одржа во Мадрид. Тетовецот Рене Реџепи, кој живее и работи во Копенхаген, е второпласиран, а Словенката Ана Рош заврши на деветтото место, што, пак, ѝ ја донесе титулата најдобра готвачка на светот.
Позната по поддршката за одржливото земјоделство во Словенија, Рош прими и посебна награда за својот искрен однос кон состојките и средината во која што работи. Таа раководи со кујната во ресторанот „Хиша Франко“ во Кобарид, кој неодамна доби две ѕвезди Мишелин.
Покрај Муњос, меѓу најдобрите десетмина готвачи се најдоа уште тројца Шпанци, вклучувајќи го и треторангираниот Хоан Рока.