„Пирели“ го претстави својот календар за 2023, кој е исполнет со ѕвезди. Насловен „Љубовни писма за музата“, австралиската фотографка Ема Самертон вели дека календарот е посвета на исклучителните жени кои ја инспирирале.
„Сакав да се навратам на етимолошкиот корен на зборот муза и да претставам жени кои ме инспирирале со нивниот придонес во литературата, науката и уметноста“, изјави Самертон.
За таа цел биле избрани 14 супермодели, кои претставуваат различни музи. Така Кара Делевињ е изведувачка, Емили Ратајковски е писателка, Карли Клос е програмерка, а Саша Пивоварова е сликарка. Меѓу моделите кои учествуваа во фотосесијата снимена во Њујорк се и Ешли Грем, Бела Хадид, Прешс Ли и Лорен Васер.
Самертон е четвртата жена која го правела календарот од неговото излегување во 1964.