ЦЕЛ ЛОС АНЏЕЛЕС Е СО МУРАЛИ НА КОБИ БРАЈАНТ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лос Анџелес, (Њујорк тајмс)

Мурали и графити посветени на кошаркарската легенда Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џана секојдневно се појавуваат низ Лос Анџелес. Тие на 26 јануари загинаа во хеликоптерска несреќа заедно со уште седум лица.

(Фото: Ју-Ес-Еј тудеј)

„Градот никогаш досега не ги искажал своите чувства толку гласно“, пишува „Њујорк тајмс“.

На објекти покрај плажите, во уметничките квартови, во поодалечените места постојано осамнуваат мурали со нивните лица. На најголем дел од нив, Коби е прикажан во некој значаен момент од богатата кариера или заедно со ќерка му.

Вечерва во „Стејплс центарот“, салата на Лос Анџелес лејкерс, ќе се одржи комеморација за Коби и Џана Брајант. Американските медиуми објавија дека тие биле погребани на 13 февруари на приватна церемонија.

 

(Фото: разни извори)