Вечерва во 21 часот, во „Јавна соба“ свечено ќе биде отворена 7. Недела на дизајн во Скопје, по што ќе настапи квартетот „Артан Лили“ од Белград.

Претходно, во 18 часот, ќе се отвори изложбата „Обликување на Унгарија – дизајнот во 21. век“, со 25 млади индустриски дизајнери, иноватори и инженери.

Унгарија е годинава земја во фокус, а темата на манифестацијата, посветена на иновативни производи и услуги од дизајнери и брендови од цела Европа, музика, предавања, работилници за деца и возрасни и на вкусна дизајнирана храна, е „Звукот на материјалите“.

За време на Недела на дизајн, ќе биде поставена и изложбата „Експо зона“, на која ќе се претстават 15 дизајнери од Македонија и од регионот. Во едукативниот дел ќе има девет презентации, кои ќе почнат утре и ќе траат до недела. Ќе има и работилници за возрасни и за деца.

На Денот на Унгарија, 26 ноември, концерт ќе има унгарскиот џез-бенд „Михаљи Борбељи Балкан џез проект“.

Влезот за сите активности за време на Недела на дизајн е слободен.