Тениската шампионка Венус Вилијамс и пливачката ѕвезда Федерика Пелегрини се меѓу деветте спортистки кои добија свои Барби кукли, со кои фирмата „Мател“ сака да укаже на женски спортски величини во пресрет на Олимписките игри во Париз. Сите кукли се облечени во соодветната спортска опрема на избраните спортистки.
„Се надевам дека мојата кукла ќе инспирира девојчиња да се занимаваат со спорт. Јас буквално не можам да го замислам мојот живот без спортот и играњето“, изјави Вилијамс, некогашен светски рекет број еден.
Покрај нив, „Мател“ создаде и Барби кукли посветени на француската боксерка Естел Мосели, полската спринтерка Ева Свобода, шпанската триатлонка Сузана Родригес, фудбалерките Мери Фаулер (Австралија) и Кристин Синклер (Канада) и гимнастичарките Алекса Морено (Мексико) и Ребека Андраде (Бразил).
(Фото: Мател)