ЗАГРЕБ ДОБИ МУЗЕЈ НА МАМУРЛАК

Загреб, (АФП)

Во Загреб се отвори прв музеј на мамурлаци на светот, во кој се изложени предмети и интересни приказни поврзани со пијани случки.

„Сакавме да собереме предмети од луѓе кои кога се разбудиле, не можеле да се сетат од каде ги земале“, вели 24-годишната Роберта Микелиќ, која го отвори музејот заедно со нејзиното момче Рино Дубоковиќ.

Тие велат дека засега, музејот се фокусира само на забавната страна од такви ноќи. Но, тие планираат да направат и поставка за опасностите од прекумерно конзумирање алкохол.

Рино Дубоковиќ го отвори музејот заедно со својата девојка(Фото: АФП)

Посетителите прво влегуваат во собата наречена „Улица“, која е насликана со графити, па одат во разни соби и во една има табла на која може со креда да се допише реченицата „Се разбудив со…“.

„Идејата ја добив кога еден пријател ми раскажа како се разбудил мамурен со педала од велосипед во џебот. Си реков, па зошто да не се направи колекција од вакви предмети, кои илустрираат колку смешни можат да бидат пијаните ноќи и мамурлакот следниот ден“, вели Дубоковиќ.