МОРАМ ДА ОДМОРАМ И ДА ГO ВИДАМ СВЕТОТ, ВЕЛИ ЕД ШИРАН

Лондон, (Би-Би-Си)

Британската поп ѕвезда Ед Ширан објави дека ќе паузира од музиката и од социјалните мрежи на неодредено време.

Еден од најуспешните пејачи на деценијата планира да ја искористи паузата за да патува, пишува и чита, а со нова музика ќе се врати „кога ќе почувствува дека е вистинско време“.

„Од 2007 работам нон-стоп и време е да видам што се случува со останатиот дел од светот“, рече 28-годишниот Ширан.

Изјавата на Ширан следи на крајот на уште една успешна година за него, која кулминираше со именувањето за британски артист на декадата.